(Фото) Меркел даде зелено светло: Германците ја продолжуваат Бундеслигата

Челниците на лигата ќе одлучат дали натпреварите ќе започнат од 15 мај или една недела покасно. Но во секој случај играчите би требало да поминат една недела во карантин како би се намалил ризикот.

Германската влада предводена од канцеларката Ангела Меркел даде зелено светло за фудбалот. Односно, Бундеслигата ќе може да продолжи.

И тоа веќе за неколку дена. Од лигата ќе одлучат дали ќе гледаме фудбал уште од 15ти мај или една недела покасно.

– Распоредот кој го предложи Германската фудбалска лига го сметам за изводлив и го поддржувам продолжувањето на сезоната во мај. Исто така, ако некој од клубот биде заразен од кopoнавиpyc, ќе мора да оди две недели во кapaнтин, вклучувајќи ги и играчите од противничкиот клуб со кој последно играл, изјави за Билд, министерот Зехофер.

ДФЛ соопшти посебен здравствен и хигиенски протокол до кој треба да се придржуваат сите клубови и играчи во продолжението на сезоната.

– Останува на секој поединечно да се прилагоди на новите правила- изјави капитенот на Баерн Минхен, Мануел Ноер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.