Жителите на село Дреновци во општина Долнени конечно ќе имаат хумани услови за живеење. После долги години ветувања од различни гарнитури, конечно се асфалтира патот и главната улица низ селото.
Дреновчани со години се соочуваа со горлив проблем, особено при врнежливи денови. Жителите на ова село населено со етнички Македонци долго време се жалеа дека до нивните домови не може да пристигне брза помош или противпожарна служба.
Сега конечно жителите ќе можат да се движат по асфалтиран пат како што доликува за 21 век…
Еве каква беше состојбата кога долненскиот регион ќе го погодеше поголемо невреме:
Жителите упатуваат благодарност до градоначалникот на општината, кој очигледно работи еднакво во интерес на сите етнички заедници.