Мистериозно суштество на плажа недалеку од австралискиот град Перт заврши на социјалните мрежи, а лицето кое го сними, ги замоли луѓето да му помогнат да ја идентификуваат„ оваа работа што изгледа како суштество од друга планета “.
Фотографијата е направена на Лејтон Бич, а локалното население веднаш одговорило, и предупредиле дека суштеството испушта отpoв што може да биде фатален за кучињата, пренесува Дејли Меил.
Научниците наскоро ја решиле мистеријата и откриле дека станува збор за морски зајак, што е доста честа појава во Австралија. Обично се со големина од дваесет сантиметри, но можат да достигнат и до 14 килограми.
„Кучињата честопати ги лижат или се обидуваат да ги јадат и на тој начин можат да се отpyjaт“, рече професорот на универзитетот Мекквари, Кулум Браун, за Australian Geographic.