(ФОТО) Лоцирани од граѓани, а проблем за Прилеп – Работат ли службите?

Во голем број улици низ Прилеп можат да се забележат напуштени, хаварисани и неупотребливи возила кои со месеци, па дури и со години, стојат паркирани на тротоарите и јавните површини.

Овие автомобили не само што го нарушуваат изгледот на градот, туку претставуваат и сериозен безбедносен проблем, бидејќи пешаците – меѓу кои има деца, постари лица и родители со колички – често се принудени да се движат по коловозот.

Дополнително, велосипедистите и лицата со инвалидитет се соочуваат со уште поголеми потешкотии, бидејќи тротоарите кои треба да бидат безбедна пешачка зона се блокирани со нефункционални возила.

Граѓаните апелираат до надлежните институции, пред сè до Општина Прилеп и сообраќајната полиција при Министерство за внатрешни работи, да преземат мерки за отстранување на ваквите возила и да се воспостави ред на јавните површини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.