(Фото+Видео) Листинг од 74 пратеници што гласаа “ЗА”, скандалот во Собрание продолжува

Во тензична атмосфера, со 80 гласа „за“ и 6 гласа „против“, Собранието денеска го донесе Законот за јавно обвинителство.

На почетокот на седницата кога законот првично беше ставен на гласање, 74 пратеници беа „за“, а 32-ца „против“, но претседателот на Собранието Талат Џафери го поништи гласањето зашто претходно Лилјана Поповска процедурално побарала збор, како и затоа што дел од пратениците се пожалиле дека гласањето не им било евидентирано.

По ова повторно законот беше ставен на гласање и помина со 80 гласа „за“ и шест „против“ на што реагираше коодинаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски барајќи од Џафери да го поништи второто гласање.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.