“Маскотата” на Зоолошката градина во Белград, лисецот Ромел самоуверено го прогнозираше исходот од утакмицата во Москва.
Србите сигурно посакуваат нивните фудбалери да поминат понатаму, како што предвиде и Ромел во кафезот.
Популарниот лисец во Зоолошката е пустинска лисица која случајно или не, ги погоди резултатите на многу утакмици на Светското првенство во Русија.
Ромел не се двоумеше, веднаш тргна кон храната која се наоѓаше на српското знаме.