(Фото) Легендарниот Шекил О’Нил ја открива темната страна на НБА ѕвездите: “Потрошив милион долари за еден час”

Легендарниот Шек откри како ја потрошил првата плата.

Дури 60% од поранешните НБА играчи банкротираат по завршувањето на кариерата, а зошто се случува тоа, најдобро објаснува легендарниот американски центар Шекил О’Нил.

Легендата на Лејкерс во емисијата “Шаркт Тенк” откри колку е лесно да се потроши огромна сума на пари.

“По потписот на првиот сериозен договор купив неколку луксузни автомовили, часовници, накит… Трошев толку многу што ми се јавија од банката и ми рекоа дека ќе се уништам”, раскажува кошаркарот.

“Од првата плата потрошив милион долари за само еден час. Директорот на банката ме предупреди да не трошам толку многу, бидејќи не сум го пресметувал данокот”.

Меѓутоа Шек помина без последици, бидејќи имаше среќа во кариерата да заработи над 400 милиони долари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.