Најмалку 65 лица загинаа, а 154 се повредени кога кран се урна врз најголемата џамија во светот, која се наоѓа во Мека.
Официјални лица од Саудиска Арабија соопштиле дека кранот се урнал врз џамијата Маџид ал Харам поради невреме. Џамијата е изградена околу најсветата локација во исламот.
Надлежните стравуваат дека оваа бројка на загинати и повредени лица не е конечна.