Од независната советничка група “Поинаку” вчера на премиерот Зоран Заев во Битола му приредија еден поинаков дочек.
Советничката група која е позната по своите герила акции со цел подобрување на животот во Битола, потсетија во каква катастрофална состојба се наоѓаат улиците и булеварите во градот.
“Добредојде за Премиеро во градо со најуништени улици! Еве и патокази на Петровска да си го прошета лидеро по битолските крпејнци! Битолчани живеат во руина, крш и КРПЕЈНЦИ!”, напишаа од “Поинаку”.