(Фото) Користејќи ја технологијата на 21. век научниците ја откриле тајната на египетските списи

Тајната на еден од најзначајните зачувани египетски списи на папирус, кој е стар повеќе од 2000 години, е откриена благодарение на модерната технологија.

Научниците од Европската институција за синхротонско зрачење во Гренобл и од Унивезитеото Копенхаген успеале да откријат какво мастило било користено за пишување на овој папирус, пишува Спутник.

Тие користеле модерно рендгенско снимање за да го проучуваат мастилото на папирусот од библиотеката во стариот град Тебтунис.

“Користејќи ја технологијата на 21. век ги откривме тајните на староегипетските списи. Се обидовме да одговориме на прашањата поврзани со потеклото на пишувањето”, вели Марин Коте, научник во ESRF и учесник во тимот кој го извршувал ова истражување.

Тие откриле дека старите Египќани користеле олово не за да го обојат мастилото, туку за побрзо да го исушат и да се задржи на папирусот.

“Фактот дека оловото не е додавано како пигмент, туку како елемент за сушење укажува на тоа дека Египќаните имале комплексен рецепт за мастилото и дека не можел секој да го прави тоа”, вели Томас Кристијансен, египтолог од Универзитетот Копенхаген.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.