После двата порази од Кил и Веспрем, Вардар синоќа во салата “Јане Сандански” стигна до четвртата победа во Лигата на шампиони против Брест Мешков со 36:31.
Со овој триумф вардарци се искачија на второто место од табелата во групата Б.
Ветар во грбот на црвено-црните како и секогаш беше навивачката група “Комити” кои традиционално дојдоа “наоружани” со голем број знамиња со сонцето од Кутлеш.