Македонците споениот викенд по повод денешниот празник „Св. Кирил и Методиј“ го искористија за одмор во соседна Грција.
Во моментов на граничниот премин „Богородица“ на македонска страна има голема колона на возила кои чекаат влез во Грција.
Како што пренесува порталот Курир, на македонската граница се чека дури и по 40, па се до 50-тина минути, што е неполн час.