ФОТО – Кога пивото е поважно од вода: Во Белгија се гради пивовод од 3 километри!

Идејата изгледала луда, но благодарејќи на самодовербата на 400 љубители на пивото, сонот за создавање за цевковод со пиво во белгискиот град Бриж, се остварува.

4

Сопственикот на еден ресторан Филип Ле Луп за “пивоводот” дал 10.000 евра, вели дека треба да се биде луд и да се влези во еден таков прект, пренесува агенцијата Бета.

“Имав пари затоа и ми се допадна. Па и дадов пари на локалната пивара”, вели тој.

2

 

Пред четири години пиварот Завје Ванесте дошол до идеја да пивото од својата пивара во Бриж, го пумпа преку цевковод, наместо да го носи во стотици тури со камиони до потрошувачите. Тоа што му изгледало како нереален план, се покажа како возможно, кога Ванесте поразговарал со месните љубители на пивото.

На почетокот многумина се шегувале.

Благодарејќи на Ле Луп и други, веќе се гледа почетокот на цевководот кој од есен ќе пумпа 4.000 литри пиво на сат, кон погонот за флаширање, кој се наоѓа на три километри од пиварата.

3

Поставувањето на цевковод долж улиците преку кој муштериите ќе можат да точат пиво, било утописка идеја, дури и за Ванесте, но направил што можел, вовел претплата за пиво, со доживотна гаранција за снабдување.

“Имаме неколку категории на претплата: бронзена, сребрена и златна. Ако уплатите на пример 7.500 евра, секој ден ќе добивате по една флаша пиво, целиот живот”, истакнува тој.

Таа понуда била привлечна, при што со таквиот потег обезбедил 10% од вкупно 4 милиони евра потребни за цевководот. Со тоа Ванесте станал многу популарен.

Властите не само што му дале пари за тој проект, туку и му обезбедиле политичка поддршка, затоа што многу луѓе ја поддржувале идејата за изградба на “пивоводот”.

belgium-is-tunneling-beer-through-a-pipeline-underneath-one-of-its-most-famous-cities

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.