(ФОТО) Клима уреди, сушална, ламинат подови… Мермерниот Комбинат Прилеп со вредна донација за детските градинки

Мермерниот Комбинат Прилеп реализираше уште една општествено одговорна мисија, донирајќи неопходна опрема за детските градинки “Наша иднина”.

Донацијата вклучува шест клима-уреди, печатачи, сушална, ламинат подови и шкафчиња, а е со цел да се подобрат условите за работа и за престој на најмалите во општина Прилеп.

Од компанијата посочија дека вложувањето во детските градинки е директно вложување во иднината на целата заедница. Во рамки на настанот беше изразена благодарност до директорката Христина Трпческа за нејзината посветеност и ангажман.

Од Мермерен комбинат истакнаа дека оваа донација е дел од нивната континуирана поддршка на локалната заедница и најавија дека и во иднина ќе продолжат со активности кои носат конкретни придобивки за граѓаните на Прилеп.

Очекувањата се дека донираната опрема ќе им служи на децата и на воспитно-образовниот кадар уште многу години, придонесувајќи за создавање потопла, побезбедна и поквалитетна средина во градинките „Наша иднина“.

Настанот беше заокружен со убава приредба и рачно изработен мозаик, со кои дечињата им се заблагодарија на донаторите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.