Православните христијани во Витлеем, библискиот град на западниот брег во кој се родил Христос, секоја година со нетрпение го очекуваат Божиќ. Но, оваа година ќе се прославува само во домовите со најблиските.
Илјадници верници, меѓу кои голем број на туристи, ги исполнуваа храмовите во Витлеем и го славеа Христовото раѓање.
Верниците оваа година литургијата можат да ја следат во живо на социјалните мрежи.