Мајк Тајсон и Мајкл Џордан беа главна тема во светските медиуми во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.
“Летечкиот Мајк” секогаш беше во центарот на вниманието поради огромните кошаркарски достигнувања. Со Чикаго Булс успеа да освои шест шампионски прстени во НБА лигата, додека “Челичниот Мајк” во 1986 година стана најмладиот шампион на сите времиња. Тој беше на насловните страници поради своите успеси во боксот, но и поради неговото однесување надвор од рингот.
На мета на бесот од Тајсон се нашол и Мајкл Џордан. За овој инцидент во својата книга за “Челичниот Мајк” раскажува поранешниот менаџер на познатиот боксер.
Тајсон и Џордан беа меѓу гостите на роденденот на НФЛ играчот Ричард Дент, а оваа приказна не враќа во далечната 1988 година.
Проблемот настана поради Робин Гивенс, познатата манекенка и поранешната сопруга на Тајсон, која порано го напуштила местото со Џордан.
“Мајк Тајсон седеше и го пиеше својот омилен пијалок, а кога ќе се напиеше, неговите инстинкти и чувства излегуваа од него. На келнерите им реков да му тураат вода, бидејќи видов дека тој гледа кон масата на која седи Мајкл Џордан”, открива Холовеј.
“Му дофрли на Мајкл: Еј, мислиш дека сум глупав? Знам дека беше со онаа моја kyчka. Џордан изгледаше како да видел дух, а Мајк продолжуваше: Знам дека си со неа. Мене можеш да ми кажеш”.
“Џордан очигледно сакаше да избега. Не сакаше да учествува во тоа, а Тајсон се заврти кон Мајк Дитки, познатиот НФЛ тренер и започна да го провоцира”.
“Тоа беше циркус, вистински циркус. Дон Кинг се обиде да ја промени темата, се обидовме да го смириме Мајк. Но, тој продолжи да зборува како ќе удиpa во Џордан. Тој ден кошаркарот беше елегантен, не би можел да трча брзо”, заклучи поранешниот менаџер на Тајсон.