Ада Занусо (104) стана симбол за надеж во напатената Италија која се бори со пандемијата на коронавирусот, откако ја победи оваа болест.
Баба Ада во своите 104 години успеала да преживее две светски војни, но победи и во борбата со новиот коронавирус и така стана најстарата личност на светот која го победила Ковид-19.
Родена во 1916 година, а последниве неколку години живее во старскиот дом во Лесона, во областа Бијела во која короавирусот одзеде многу животи, пренесува Ла Република.
Biella, a 104 anni nonna Ada guarisce dal coronavirus: "Dopo due guerre ha superato anche la pandemia" https://t.co/ikzskBBy95
— la Repubblica (@repubblica) April 4, 2020