Најмодифицираната двојка во светот е наречена „херувими од пеколот“.
Виктор Хуго Пералта, од Урагвај, и неговата сопруга Габриела се покриени со десетици и десетици тетоважи, откако соработувале со над 80 уметници од целиот свет на комплетирањето на нивниот изглед.
Покрај тетоважите на телото, парот има и околу 50 пирсови, осум микродермали, 14 импланти за тело, пет забни импланти, четири експандери за уши, две завртки за уши и еден чаталест јазик.
Неодамна, на Виктор, чие тело е речиси целосно покриено со мастило, го “издлаби” и бројот шест во главата.