Илјадници граѓани се одзваа на повикот од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).
-Да се собереме сите и да испратиме гласна порака и охрабрување до судот: судете според закон, а не според политички нарачки!, повикаа вчера од ГДОМ.
Собирот на ГДОМ се очекува да стане уште помасовен, бидејќи постојано доаѓаат граѓани од Скопје и цела Македонија. Се очекува членовите на ГДОМ на Судот да му предадат Декларација.