ФОТО – Изненадување на вечерта: Антонија Гиговска со моќен вокал ја разнесе сцената на Пиво Фест

_DSC2228Markukule

Антониа Гиговска, девојката која се натпреваруваше на “Пинковите Ѕвездички”, синоќа на втората фестивалска вечер на Пиво Фест, со моќен вокал буквално ја разнесе сцената.

На покана за нејзиниот учител во натпреварувањето Хари Мата Хари, Антониа за миг го украде неговото шоу.

Хари беше во стручното жири на балканскиот натпревар „Пинкови ѕвездички“ и постојано ја фалеше Антониа, а понекогаш и даваше совети и ја учеше како треба.

Синоќа Антониа беше таа која му покажа на балканскиот заводник како се предводи неколку илјадна публика, која беше фасцинирана од нејзината изведба.

Антониа стигна до супер финалето на “Пинковите Ѕвездички” и го освои 7-то место, но нејзиниот синоќешен настап говори дека го заслужила првото.

_DSC2226Markukule

_DSC2211Markukule

_DSC2214Markukule

_DSC2219Markukule

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.