(Фото) Излегоа резултатите на тестот за нapkoтици на италијанскиот учесник: Се огласија и организаторите

Организаторите на “Евровизија” се огласија откако во јавноста се појавија шпекулации за наводно користење на нapkoтици од страна на овогодинешниот победник, пејачот Дамиано Давид.

Како што се наведува во соопштението, Европската радиодифузна унија, на барање на италијанската делегација спровела темелен преглед, вклучувајќи и проверка на сите достапни снимки.

Според соопштението Дамиано сам побарал тест за дpoга, кој бил направен денес, а резултатите биле негативни.

– Во “Зелената соба” не се користеше дpoга и сметаме дека случајот е затворен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.