Меѓу вилите со вртоглави цени, на реномираниот сајт за продажба на недвижности “Колдвел Бенкер Хоумс”, се најде и стара разрушена куќа, но со вредност од неверојатни 475.000 долари.
Иако повеќе личи на бункер од виетнамската војна, оваа куќа својата цена од речиси половина милион долари ја оправдува со својата локација.
Се наоѓа во Нортриџ, еден од најубавите делови на Лос Анџелес, а во описот на огласот стои дека е “најлошата куќа во најубавиот крај”.