Нашите вистински херои не носат наметки – тие се наставници, воспитувачи и негователи! Денес им оддаваме признание на луѓето кои секојдневно го менуваат светот, чекор по чекор, дете по дете. Тие се оние кои ја градат иднината на Прилеп преку знаење, љубов и трпение – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, по повод доделувањето на наградите од конкурсот за најдобар најставник, восипитувач и неговател.
Наградени на овогодинешниот конкурс од општината се:
🏆 Даниела Наумоска – најдобар наставник од основно образование (одделенска настава)
🏆 Билјана Андрееска Георгиеска – најдобар наставник од основно образование (предметна настава)
🏆 Емилија Хаџи Ристеска – најдобар воспитувач
🏆 Анета Мерипушкоска – најдобар неговател
-Овие признанија, доделени преку Советот на Општина Прилеп и врз основа на јавно објавен повик, се симболична награда за нивниот труд, но вистинската награда е љубовта и благодарноста на децата и родителите. Тие ни покажуваат дека секое дете заслужува внимание, секоја генерација заслужува образование, а секое општество мора да вложува во своите учители и воспитувачи. Ви благодариме за посветеноста и љубовта со која го обликувате нашето утре. Општина Прилеп секогаш ќе биде ваш сојузник и поддршка – стои во објавата на Јовчески.