Велат дека без ралика каде си стигнал, никогаш не заборавај од каде си почнал.
Златан Ибрахимовиќ, Швеѓанецот со босанско потекло денес е еден од најдобрите фудбалери во светот. Многу често Златан зборувал за своите балкански корени и неговото тешко детство. Во еден дел од неговата книга се потсетува за тоа колку било тешко да се живее во Шведска како балкцанец, поради дискриминација и омаловажување.
Но, денес Златан е на врвот, запишан со златни букви во фудбалската историја и неговото име ќе го учат новите генерации како пример за борба, истрајност, талент и успех.
Ибрахимовиќ го освои светот, но не заборавил од каде започнал, а тоа го докажа споделувајќи фотографија на социјалните мрежи на која пишува “Балкански корени”: