Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Во северните делови ќе има подолги сончеви периоди, а по котлините ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен ветер од југоисточен правец.
Од утре, ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Позначителен пораст на дневната температура ќе има од петок и за време на викендот.