Кога шведската полицајка Микаела Келнер на инстаграм објави фотографија од своето прво апсење каде што таа е облечена во бикини, фотографијата за еден час се прошири неверојатно брзо по социјалните мрежи.
Таа со пријателите се сончала во еден парк во Стокхолм, кога им се приближал маж кој се претворал дека продава списанија за бездомници. Не сакал да прифати „не“ за одговор и заедно легнал со девојките на крпите. Веднаш станал сомнителен и Микаела ги предупредила пријателките да внимаваат.
Кога станал, една пријателка забележала дека и го нема мобилниот телефон. Немало време да се викне полиција, но Микаела и уште една нејзина пријателка, исто така полицајка го совладале крадецот.