ФОТО: За матурантите Ангела и Дамјан аплаудира цел регион – Упатија силна порака (ФОТО)

Ангела Богојевиќ (18) и Дамјан Томиќ (19) деновиве се главна тема за јавноста ширум регионот, откако на социјалните мрежи ги објавија нивните фотографии од матура, па упатија силна порака дека сите сме исти и еднакви.

Дамјан кој што има мускулна дистрофија и е во инвалидска количка, облечен во преубаво одело на матурската вечер се појави со неговата другарка и и посвети неколку убави стихови, бааш онакви какви што беа убави и самите тие – принц и принцеза.

-Затоа што ти си принцеза од некој друг свет, рече за неа тој.

Тој за телеграф.рс додава дека ова никој не треба да го свати како сожалување, туку како поддршка.

-Најпрвин мислеше дека тоа е голема обврска и дека не може да се изведе, но јас сепак го направив тоа. Неговото воодушевување и воозбуденост ме исполнија и се потрудив да му биде една од најубавите вечери. Искрено не очекував толкава голема поддршка и медиумска покриеност од сите страни, дури во едни моменти ми беше и непријатно, раскажува Ангела, другарката на Дамјан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.