Новото детско игралиште во паркот на “Могилата на непобедените” e вистински хит за децата, а особено замокот во кој секојдневно скокаат до замор рој деца.
Игралиштето е во функција од неодамна и е во склоп на новиот ланч бар, кој на барање на граѓаните се отвори и нуди освежителни пијалоци и храна по многу ниски цени.
Ова е уште едно надополнување на прекрасно уредениот колорит на паркот, кој е гордост на прилепчани.