(Фото) Загyбен е Торо: Сопствениците од Прилеп нудат награда од 500 евра доколку некој го пронајде

Торо е папагал од расата Жако и од неодамна е загубен во Прилеп. Сопствениците молат доколку некој го има најдено да се јави и да им го даде. Следува награда во висина од 500 евра.

“Почитувани пријатели и покрај сите молби и огласи Торо сеуште не е најден со оглед на температурите надвор највероватно е фатен. Ве молам споделете тој што ќе го пријави добива 500 евра награда. Сепак е домашен миленик кој со нас го поминуваше секој ден. Pазберете ја тагата наша и бидете фер не го бараме да го вратите без пари! ВЕ МОЛАМ!”, напиша неговата сопственичка на социјалните мрежи.

Доколку го видите папагалчето на вашиот прозор отворете го прозорецот да можи да влези внатре.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.