(Фото) Заборавениот фудбалски “АС”: Ги тресеше мрежите за Бразил и Реал, а сега доби отказ во Романија

Поранешниот репрезентативец на Бразил и “ас” на Реал Мадрид, Жулио Баптиста, доби отказ од романски Клуж.

Фудбалерот за кој моќниот Реал издвои дури 25 милиони, доживеа неверојатен пад во кариерата.

Баптиста блескаше во дресот на Севилја од 2003 до 2005 година. Челниците на Реал веднаш реагираа, го купија за 25 милиони евра, кои за тој период беа огромна сум пари. Во дресот на Реал постигна 13 голови во 77 утакмици. Беше на позајмица во Арсенал, каде во сезоната 2006/2007 постигна 10 гола.

Реал го продаде на Рома за 10 милиони евра. Таму се задржа две сезони. Настапуваше и за Малага, Крузеиро и Орландо.

Верувале или не, 37-годишниот фудбалер заврши во Романија. Минатата година потпиша за Клуж. Таму доживеа целосен дебакл. На терен помина само 43 минути и не ги исполни очекувањата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.