Познатиот фотограф Стојан Стојановски од Охрид на Твитер објави фотографија од алармантната состојба во која се наоѓа Преспанското езеро.
Од фотографијата може да се види дека на второто по големина езеро во Македонија му се заканува вистинска катacтpoфа.
Стојановски пишува дека езерото е повлечено над 10 метри, а во коментари други корисници додаваат дека повлекувањето изнесува 20 метри.
Во Случај да не сум ви кажал, Преспанско е повлечено 10+ метра, ама нема врска, Охридско е второ по ред шо ќе исчезнит ако исчезнит Преспанско :)) шо значит дека имаТ време, да не се секираме, лошо е за здравјето. pic.twitter.com/M0QbJ9OuY0
— Stojan Stojanovski2S (@Stojan2s) February 10, 2020