Светски познатиот пејач Енрике Иглесијас и неговата сопруга, некогашната тенисерка, Ана Курњикова, по третпат станаа родители, а суперѕвездата објави фотографија од нивното штотуку родено бебе.
Дека семејството добило принова пред неколку дена откри братот на Енрикe, Хулио Иглесијас помладиот.
-Веќе станав чичко, истакна тој во гостување на една радио емисија.
Меѓутоа, тој не сакаше да го открие полот на детето, а синожа Енрике на социјалните мрежи објави фотографија од новороденото бебе и така потврди дека по третпат стана татко.