Тим на научници се подготвува да тргне на едно годишно истражување на “сината дупка” која се наоѓа во водите на Флорида.
Сините дупки се големи пештери кои се формираат на морското или океанското дно и се сметаат за морски еквивалент на големите дупки, кои се формираат на земјината површина. Mеѓутоа, науката не знае многу за нив.
Експедицијата, која ја поведоа истражувачите од лабораторијата Моте Марина, универзитетот во Флорида Атлантик, Технолошкиот институт во државата Џорџија, Геолошкото друштво на САД и Националната управа за океани и атмосфера, ќе се фокусури на пручување на сината дупка, позната како “Зелена банана”, која се наоѓа на 47 метри под површината и е многу длабока, со дно сместено на длабочина од околу 137 метри.
Researchers Embark to Explore Mysterious 'Blue Hole' Hidden Off The Coast of Florida https://t.co/jpfstfjNMZ
— ScienceAlert (@ScienceAlert) July 21, 2020
“Ги има по целиот залив на Флорида. Со различни големини, длабочини и облици, а поголемиот дел се богати со животниски и растителен свет”.