(Фото) Еве како изгледа непробојниот трезор во кој се чува руското богатство !

Русите во 90-тите години решиле да го преместат целото богатство од Кавказ во Москва, а српската компанија “БК” ја добила довербата за да го изгради трезорот во кој ќе се чува богатството на Русија и некогашниот СССР.

Главниот трезор на централната банка на Руската Федерација е еден од најдобро чуваните објекти во светот на кој не можат да му наштетат ниту балистички ракети. Се простира на 100.000 квадратни метри и 4 ката под земја.

Оние кои работеле на овој објект не смееле да откриваат никаква тајна во врска со дизајнот. Изградбата завршила во 1999 година. Се работело по 24 часа дневно во три смени.

Просториите биле градени како кутија во кутија, со дупли ѕидови и меѓуспратни плочи меѓу кои имало ласерско надгледување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.