Монументалното дело кое со години стои издигнато над градот и се забележува од секој дел на Прилеп, веќе долго време не свети во вечерните часови.
Не е познато за што се работи, дали некој намерно го оштетил осветлувањето, или се работи за дефект.
Но, тоа што е сигурно, никој надлежен не презема ништо да го врати сјајот на светиот крст со кој Прилеп и прилепчани се гордеат.