(Фото) Директорот и цариниците со одлична хуманитарна акција

По повод 14-ти Април, денот кога Царинската управа одбележува 29 години од своето постоење како самостоен државен орган, вработените традиционално организираа хуманитарна акција – информираше на Фејсбук, директорот на царината Горан Сугарески.

“Оваа година, царинските службеници хуманитарната акција ја посветија на “Родителска куќа“, каде се сместени родителите чии деца се пациенти и примаат терапија на хемато-онколошкото одделение на Универзитетската клиника за детски болести, а не се од Скопје и немаат каде да престојуваат.

Оваа куќа е поддршка и сигурен времен дом за родителите и децата кои се лекуваат од карцином, каде престојот е комплетно бесплатен. За Родителската куќа и родителите кои се сместени во неа се грижи САНО невладина организација, формирана од родители и пријатели на деца што го победиле ракот кои работат исклучиво волонтерски со цел да им се олесни процесот на лекување на децата заболени од рак, но и на нивните родители.

Со надеж дека барем малку ќе го олесниме престојот на родителите во оваа куќа, царинските службеници со својата донација обезбедија мебел, инвертер клима уреди, постелнина, неколку кујнски апарати, детски играчки и друго.
Со овој гест, вработените во Царинската управа им ја даваат својата поддршка на сите дечиња кои се соочуваат со болест и им порачуваат да останат силни и што побрзо да оздрават”
, напиша Сугарески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.