(ФОТО) Деца за пример! Ученици од ООУ “Кочо Рацин” Прилеп засадија 2.500 садници кај прилепско Мало Рувци

Денес, во организација на менаџерскиот тим, наставниците и учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, во соработка со ЈП „Национални шуми“, реализираa значајна еко-акција за пошумување на опожарената површина во атарот на селото Мало Рувци.

-Засадивме 2.500 садници од црн бор, багрем, јасен и леска – симбол на нашата заедничка заложба за поздрава животна средина и поубаво утре. Оваа локација претрпе голема штета од пожари во изминатиот период, и беше време да го вратиме зеленилото што го изгуби. Голема благодарност до младите еко-херои, наставниот кадар, родителите и целата бизнис заедница за нивната поддршка. Ваков ангажман е доказ дека и најмалото дело може да направи голема промена. Продолжуваме заедно – за зелена иднина – напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.