(ФОТО) Да личи! Битолчани се подновија со нови клупи и корпи за отпадоци

Јавното претпријатие Комуналец, продолжува со активностите за разубавување на јавните површини во градот со соодветни цветни декорации, хортикултурно уредување и поставување на нова урбана опрема.

Како дел од „Неделата на пролетта“, во тек е поставувањето на нови клупи и канти за отпадоци низ Широк сокак, а во Градскиот парк се врши соодветно уредување и подготовка на жардиниерите за засадување на нови цвеќиња.

„Неделата на пролетта“, деновиве ја одбележа и расчистувањето на дивите депонии, при што подигнати се над 280м³ отпад.

Со активностите кои се реализираат оваа недела, општината и јавните претпријатија, настојуваат да придонесат за разубавување на градот и подигнување на јавната свест за заедничко дејствување и поголема грижа за чиста животна средина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.