Постојат многу начини според кои луѓето се обидуваат да го зачуваат здравјето и да ја продолжат младоста, но 29-годишниот Дарко Радовановиќ одлучил да се проба со нешто несекојдневно.
Во својата куќа, во тегла, пред неколку години започнал да одгледува јапонска печурка комбуха.
“Велат дека таа се користела уште 220 години пред Христос, како и дека напитокот од неа го пиел Џингис Кан, бидејќи му давал сила и енергија”, вели Дарко.
“Се одгледува во црн чај кој се готви и добро се зашеќерува. Потребни се околу 2 литри. Кога ќе излади во него се става комбуха и таа треба да стои околу 15 дена. Потоа се цеди и добиената течност се пие еднаш дневно. Мирисот потсетува на оцет и има сладок вкус”.