(Фото) ГРЦИЈА Е ТУРСКА: Ердоган ги збecна Грците со фотографија од карта каде делови од земјата се претставени како турски

Турскиот претседател Реџеп Ердоган се појави на фотографија на која се гледа карта на која делови од Егејското море и источниот брег од Крит беа претставени како дел од Турција.

Фотографијата беше направена при посетата на Националниот универзитет за одбрана на која Ердоган потпишуваше книги за гостите.

Картата позади Ердоган покажува дека границата на Турција се протега преку грчките острови во источниот и југоисточниот дел на Егејското море, а картата е насловена како „Турција, сината татковина“ и ги опфаќа 462 000 км2 од Грција за кои Турција тврди дека се дел од нејзината територија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.