Голема вознемиреност се раширила меѓу граѓаните на босанското место Урија откако утрово, кога се разбудиле виделе дека целото село е прекриено со жолт снег. Веднаш биле алармирани надлежните органи кои по кратко време го откриле проблемот.
Имено, не станувало збор за жолт снег туку пелевина, која наместо во силосот за отпад на блиската пилана завршила во воздухот и го прекрила снегот во целото место.
Според информациите добиени од сопственикот на пиланата, поради ниските температури, откажал системот за собирање на отпадното дрво во пиланата по што, целата прашина која се ослободува при сечење на дрвото завршила на во воздухот, а ветрот совршено ја распространил низ целиот град.