Протестите на СДСМ кои од вчера започнаа да се одвиваат и во Прилеп резултираa со нагрдување на прилепската Стара Чаршија. Денеска осамнаa графити на новите плоштади во центарот на градот. Прилепчани згрозени! Ако ова е начинот на изразување на некакво незадоволство, тогаш не е ни чудно што собирите на СДСМ во Прилеп секогаш биле малку посетени, а прилепчани дистанцирани од ваквите деструктивни случувања.
Ако ова е целта и на наредите протести кои се закажани уште за вечерва, граѓаните велат дека жестоко ќе се спротистават на ваквото деструктивно и примитивно однесување.
Градот доживеја ренесана во изминатата декада и доби нов лик, кој сега на малкумина луѓе им смета, гневни дека во нивно време Прилеп беше црна дамка и заборавен руиниран град.
И да, #НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР, од вакви хулигани кои повремено се појавуваат, го реметат редот и мирот и ги нагрдуваат јавните површини, приватниот имот и културното наследство на градот.
Александар Георгиоски