ФОТО: Гори зграда во центарот на главниот град – двајца загинаа повеќе повредени

4 (1)

Две постари лица загинаа а уште 6 се повредени по пожар кој утрово избувнал во центарот на Сараево, БиХ.  Како што јавуваат локалните медиуми, до пожарот дошло по експлозија на плинска боца во еден од становите на погорните катови, поточно на 11 спрат.
Повредените лица се префрлени во болница каде што добиваат терапија против труење со јаглероден моноксид.
Пожарникарите успеале да го локализираат пожарот, но има значителна материјална штета во зградата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.