Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев доби специјален дрес како подарок од Интер за незаборавната 2010 година, кога „нераѕурите“ го освоија Скудетото, италијанскиот Куп и Лигата на шампиони.
Пандев беше дел од екипата на Интер и одигра важна улога, а веднаш се пофали на социјалните мрежи со слика од фантастичниот подарок.