Во дворот на семејството Николиќ во Калиманци, Србија пронајден бил пockок долг околу 60 сантиметри. Најголемата отpoвница во Европа и Србија семејството Николиќ ја воочила во помошниот објект каде имале наредени дрва за претстојната сезона. За среќа, ја препознале отpoвницата и повикале стручна помош од Владица Станковиќ од Здружението за заштита на влекачи и животна средина „Поскок“.
„Луѓето препознале дека станува збор за пocкок. Морав да поместам уредно наредени дрва за огрев, но змиjaта влезе во ѕидот па морав полека да ја извлечам“, рекол Станковиќ и укажал дека во вакви ситуации луѓето мора да се обратат во Здруженијата и да не преземаат ништо на своја рака.