Радарите за мерење на брзина во Германија не му простуваат на никого, па ниту на гулабите, покажаа последните забележани снимки.
Имено, фотографија од гулаб “фатен на дело” стана вирална кога беше објавено дека оваа градска птица, во мирниот дел на Бохолт летала со 45 километри на час, на место каде дозволена брзина за возила е 30 километри на час.
Секако, камерата реагирала, па птицата е фотографирана “вршејќи го прекршокот”.
Под нормални околности овој пpecтапник би платил казна од 25 евра.