(Фото) Герила акција во Собрание

Виситнска драма пред малку се случи на Комисиската раcправа за Zаконот за Јавно обвинителство откако на говорницата настапи Републичкиот јавнен обвинител Љубомир Јовевски. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со транспарент протестираше на неговиот говор, кој се однесуваше на писмото кое го испрати Катица Јанева до Јовевски со кое даде незаконска наредба за предавање на предметите од СЈО.

-Г-н Јовевски до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба (чл.60, закон за ЈО), пишуваше на транспарентот.

Претседателот на комисијата Александар Кирацоски бараше обезбедувањето да реагира и да ги отстрани пратениците.

На јавната расправа присуствуваат пратеници од сите пратенички групи, министерката за правда Рената Дескоска, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинители и професори од Правниот факултет и меѓународни претставници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.