Поправката на дефект на раскрсницата кај поранешна градска кафеана во Прилеп трае цели 3 недели. Ова е најпрометниот дел од булеварот “Гоце Делчев” каде постојано поминуваат автомобили и пешаци.
Првите фотографии се направени на 9-ти септември, а до денес сеуште е заграден овој дел од булеварот и е вистински проблем кој може да претставува опасност по живот и за пешаците и за возачите.