(Фото галерија) Црквата на Кипар каде се чуваат моштите на Св. Лазар: Постои од 9 век и сведочи за големото чудо на Христос

Денеска е Лазарова Сабота, а на овој ден се сеќаваме на чудото кога Исус Христос го воскреснал од гробот починатиот Лазар.

Праведниот Лазар после своето воскресение, заедно со апостолите го проповедал христијанството. Тој отишол на Кипар, каде станал епископ.

Неговите мошти денеска се чуваат во градот Ларнака, каде Лазар живеел цели 30 години.

Ларнака е трет по големина град на Кипар и веројатно најстар град на островот. Градот се простира на местото на античкиот град Китион, кој според преданието е основан од еден од внуците на Ное.

Градот е наречен Ларнака во 16.век. Токму тука се наоѓа гробницата на Свети Лазар, позната во целиот христијански свет. Над гробницата во 9.век е изградена црква каде и ден денеска се празнува празникот Лазарова Сабота.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.