(Фото галерија) Фасцинираат со нивниот изглед: Злато и бронза за прилепчанките од КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА во бодибилдинг

Во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, во саботата во спортската сала “Борис Tрајковски” се одржа КУПОТ на МАКЕДОНИЈА, а учество зедоа и две девојки од Прилеп, Андреа Аврамоска и Александра Пантелевски.

И двете девојки во Прилеп се вратија со медали. Минатогодишната вицешампионка на Државното првенство, Андреа Аврамоска, е шампион во боди-фитнес, додека Александра го освои третото место во бикини-фитнес.

Ментор на двете девојки е Ангела Гелинческа од ‘ЕLITE GYM’, освојувач на голем број медали во изминатите години на државно и меѓународно ниво.

Честитки за сите и желби за уште поголеми успеси во иднина!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.